Бадник – денот кога муфтијата Мухамед Шефкет ги спасил од масакр верниците и црквата Успение на Пресвета Богородица

На Балканот меѓуверските односи понекогаш носеле и десетици илјади жртви во конфликтите меѓу православните, католиците и муслиманите.



Но во историјата има е светли моменти кои докажуваат дека религијата е пред се за мир.

Еден таков момент се случил на денешен ден пред 82 години.

Усташите и Германците во Тузла планирале на 6 јануари 1942 година на Бадник да ја минираат црквата Успение на Пресвета Богородица и да ги убијат насобраните верници, а биле планирани и ликвидации.

За оваа информација дознал муфтијата Мухамед Шефкет – Курт од Тузла.

Кога дознал за планот за масакр Курт отишол во седиштето на Гестапо и се заканил по цена на својот живот дека сите муслимани ќе одат во партизани ако има репресалии против Србите.

Тој успеал да ги убеди нацистите и пеколниот план на усташите и германците не се исполнил.

По војната тој бил народен пратеник во парламентот на Босна и Херцеговина а по смртта на неговиот погреб дошле десет илјади луѓе, повеќето Срби, селани од околината на Тузла.