Едно лице е уапсено во Мексико под сомнение дека запалил бар откако преходно бил исфрлен, убивајќи 11 лица, соопштија официјални лица, јави Би-Би-Си.
Нападот се случи во петокот вечерта во Сан Луис Рио Колорадо, кој се граничи со САД, а. барот се наоѓа на само една улица подалеку од границата.
Властите соопштија дека пијаниот млад човек фрлил молотов коктел во барот Beer House откако бил исфрлен.
Тој наводно малтретирал жени и затоа бил отстранет од објектот.
Во пожарот од фрлениот молотов коктел загинаа седум мажи и четири жени, а уште четири лица се хоспитализирани.







