На поранешен американски дипломат му се заканува доживотен затвор откако признал дека дрогирал, сексуално злоупотребувал и фотографирал вкупно 23 жени во текот на 14-те години додека работел во американската амбасада во мексиканската престолнина.
Како што пренесуваат медиуми, Брајан Џефри Рејмонд (45) се изјаснил за виновен за злосторствата.
„Рејмонд го напушти Мексико откако гола жена врескала и барала помош на 31 мај 2020 година“, се вели во соопштението на Министерството. Жртвата не се сеќавала на настанот бидејќи конзумирала храна и пијалок што и ги подготвил Рејмонд.
Злосторствата започнале во 2006 година. Истрагата откри и стотици фотографии и видеа на повеќе од 20 онесвестени голи и полуголи жени.
Брајан Рејмонд ја изневери довербата што му беше дадена како вработен во американската влада со долгогодишно предаторско однесување, сексуално злоупотребување, експлоатирање и снимање немоќни жени… “, изјави помошник јавен обвинител од Министерството за правда.
„Раката на Рејмонд може да се види на фотографиите и видеата. Тој на неговите жртви, кои се во безсознание, им ги допира очите, устата, градите и задникот. Рејмонд, исто така, може да се види како лежи во кревет со своите жртви“, се наведува во соопштението.
Во неговиот компјутер е откриено дека пребарувал на интернет за ефектите од комбинацијата на апчиња за спиење и алкохол.







