Наташа Азопарди Мускат од Светската здравствена организација (СЗО) вели дека земјите треба да размислат за регулирање на користењето мобилните телефони и другите дигитални уреди на сличен начин како и тутунските производи поради растечкото негативно влијание на социјалните медиуми врз менталното здравје на младите.



Има сè поголеми докази дека игрите и социјалните медиуми го поттикнуваат порастот на проблематичното однесување кај адолесцентите во Европа, така што земјите треба да се инспирираат од други области каде што законодавството помогнало во справувањето со потенцијално штетните навики – како што се законите за тутун, рече таа.

Мерките како што се воведување старосни ограничувања, контрола на цените и забрана за употреба во одредени области помогнаа да се намали употребата на тутун, така што тие би можеле да се земат како пример за да се спречи штетната употреба на уреди како паметните телефони, изјави Азопарди Мускат, за Политико.

„Можеби треба да размислиме каде е соодветно да се користат дигитални уреди, а можеби и време е да почнеме да размислуваме за места каде одредени дигитални уреди не треба да се користат“, исто како што забрануваме пушење на одредени места, вели таа.