Победникот на вчерашните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, ќе урне неколку историски рекорди во изборот на петседател во американската историја.
Кога Трамп (роден на 14 јуни 1946 година) повторно ќе положи заклетва во јануари, тој ќе стане најстариот инаугуриран претседател, соборувајќи го рекордот на Џо Бајден.
Имено, во 2020 година, Бајден стана најстариот кандидат за претседател, прославувајќи го својот 78-ми роденден на 20 ноември истата година.
Трамп ќе биде поблиску до неговиот 79-ти роденден за време на неговата инаугурација.
Пред Бајден рекордот го држеше Роналд Реган, кој ја презеде функцијата на 69-годишна возраст.
Дополнително, Трамп ќе биде првиот претседател по повеќе од 120 години кој освоил два, но не последователни претседателски мандати, односно претседател кој не освоил два мандати по ред.
Последен што го постигна ова беше Гровер Кливленд, 22-ри и 24-ти претседател на САД, од 1885 до 1889 година и повторно од 1893 до 1897 година.
Покрај тоа, Трамп е на пат да го добие „народниот глас“ (мнозинството гласови на национално ниво) – нешто што не успеа да го направи во 2016 и 2020 година.
Доколку биде потврдено, тој ќе биде првиот републикански кандидат од 2004-та година да победи на „народното гласање“ и само втор пат откако на Џорџ Х.В. Буш (постариот) му успеа тоа во 1988 година.






