Гласовите на Молдавците од дијаспората „решаваат“ дали земјата сака во ЕУ

По неизвесната ноќ и пребројување на гласовите од консултативниот референдум кога се чинеше дека Молдавците не прифаќаат земјата да стане дел од ЕУ, утрово бројките покажуваат пресврт.



Врз основа на 97,66 отсто изброени гласови, веб-страницата на Централната изборна комисија на Молдавија објави дека 50 отсто од Молдавците гласале „за“, и покрај притисокот од Русија, пренесува Ројтерс.

Граѓаните на оваа поранешна советска република требаше да одговорат на прашањето „Дали поддржувате измени на Уставот за да може Република Молдавија да влезе во ЕУ“

Резултатот е (не)извесен со оглед на тоа дека треба дасе пребројат уште неколку илјади гласови, главно од Молдавците кои странство.

Аналитичари веруваат дека тие сепак гласале „За“ со што проевропскиот камп сепак ќе победи на референдумот.

Малкумина очекуваа изедначени резултати во изјаснувањето на оние кои се „за“ и оние „против“, со оглед на тоа што неколку неодамнешни анкети сугерираа дека опцијата за влез во ЕУ сигурно ќе победи.

Актуелната проевропска претседателка, Маја Санду, претходно го осуди тесниот резултат како резултат на странско мешање во молдавската политика и обид за купување на дури 300.000 гласови.

„Криминални групи кои дејствуваат заедно со странски сили непријателски настроени кон нашите интереси ја нападнаа нашата земја со десетици милиони евра, лаги и пропаганда за да ја заробат нашата земја во неизвесност и нестабилност“, рече Санду по објавувањето на делумните резултати од референдумот за ЕУ на Молдавија.

„Имаме јасни докази дека овие криминални групи имале за цел да купат 300.000 гласови – измама од невидени размери“, рече Санду.

 Нивната цел е да го поткопаат демократскиот процес“, додаде таа.

Главен осомничен за мешање во гласањето е бизнисменот Илан Шор – тој е лидер на прорускиот опозициски блок „Победа“, осуден е на 15 години затвор во Молдавија за финансиска измама, но живее во Русија.

Референдумот го иницираше претседателката Маја Санду, која е поддржувач на евроинтеграциите и резултатот од референдум беше изненадување за неа.

Вчера истовремено се одржаа и пртседателски избори на кои и покрај очекуваната сигурна победа, Санду по обработката на 97,61 отсто од гласовите, Маја Санду освои 41,86 отсто, додека претставникот на опозициската Социјална партија – прорускиот поранешен јавен обвинител на Молдавија Александру Стојаногло освои 26,32 отсто од гласовите на избирачите.

Ова значи дека ќе има втор круг на 3 ноември.