На францускиот носач на авиони Шарл де Гол со коронавирус се заразени 1.046 од вкупно 1.760 морнари, соопшти денеска француската влада.
Првиот сомнителен случај на екипажот бил забележан на 7 април, кога бродот веќе се ближел кон крајот на своето тримесечно патролирање во Источниот Медитеран, Атлантскиот Океан и Северното Море, јавуваат медиуми.
Францускиот носач на авиони Шарл де Гол е втор носач на авиони со инфицирани морнари по појавата на заразата на американскиот брод Теодор Рузвелт.





