По изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека Унгарија немаше да има проблем со ембаргото за увоз на руска нафта доколку „не му беше одземено морето“, мислејќи на хрватското крајбрежје, чии делови некогаш биле дел на Унгарија, реагираше хрватското Министерство за надворешни и европски работи.
„Ги осудуваме какви било територијални претензии кон соседните држави. Заднината на изјавата на Орбан е противењето на европското ембарго за увоз на руска нафта, поради што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера ја посети Унгарија.
Како што објасни еден европски дипломат за АФП, на Унгарија ќе и треба нов нафтовод за да ја поврзе со Хрватска, која има излез до морето, за безбедно снабдување со нафта. Затоа бара гаранции дека Загреб ќе се ангажира во изградбата на таа инфраструктура, како и гаранции за европските финансиски ресурси, пренесува Дневник. Оние кои имаат море и пристаништа имаат и можност да донесат танкери со нафта“, изјави Орбан минатата недела, а пренесува Политико.
Орбан фрустриран што Хрватска има море: Да не ни го земеа
„Да не ни беше одземено морето, ќе имавме пристаништа“, додаде тој. Од МНР посочуваат дека ваквите изјави непотребно ги нарушуваат меѓудржавните односи. Поради таа изјава, унгарскиот амбасадор во Загреб бил повикан на интервју, а хрватскиот амбасадор побарал објаснување и во Будимпешта, соопштија на Зрињевац.







