Шведскиот уметник Ларс Вилкс, кој доби смртни закани поради карикатурата на пророкот Мухамед со тело на куче во 2007 година, почина во несреќа во неделата, објави АП.
Судирот, наводно, бил помеѓу камион и полициски автомобил без идентификација, во кој патувале Ларс Вилкс и неговите телохранители. Причината за инцидентот се испитува. Вилкс беше скоро непознат надвор од Шведска пред таа карикатура.
Во јули почина и данскиот уметник Курт Вестергор, чија карикатура на Мухамед предизвика крвави немири во некои муслимански земји.







