За Беса Адеми Судскиот совет ќе донесе одлука во јануари

 

Одлуката дали ќе биде отфрлено барањето за утврдување на одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, ќе биде донесена во текот на јануари.



„Сметам дека членовите на Судскиот совет со право на глас се ставени пред огромен предизвик и имаат историска шанса да ја вратат независноста на судството и да ја поправат перцепцијата што граѓаните ја имаат за судскиот систем.

Верувам искрено дека ќе донесете одлука со која ќе ја запрете оваа постапка“, рече во завршните зборови на денешната јавна расправа во Судскиот совет, Павлина Зафиќ Јакимовска,  адвокатка на Беса Адеми.

Мустафа ѝ се закани со затвор на Беса Адеми

Членот на Судски совет Миљазим Мустафа ја обвини претседателката Адеми дека постојано не доаѓа на седниците на Судскиот совет иако е член според функцијата без право на глас. Исто така, дека не се одзвала на барањето за средба на 6 ноември што ѝ го упати претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев веднаш по интервјуто дадено за СДК.Мк, во кое таа рече дека врз врховните судии се вршат политички притисици во врска со оживување на аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов.

„…барам Судскиот совет да донесе одлука со која ќе се утврди одговорност на претсдателот на Врховниот суд и со одлуката да ја разреши од функцијата претседател“, побара денеска во завршните зборови членот на Судски совет Миљазим Мустафа.