Меѓународниот трибунал на ОН донесе одлука за ослободување на 24 украински морнари, притворени минатата година во Керченскиот теснец, и покрај тврдењето на Москва дека украинските бродови ја загрозиле поморската граница.
Трибуналот побара од Русија да ги предаде трите конфискувани украински бродови.
Претседателот на Трибуналот, Пак Џин Хенг, изјави дека до 25 јуни Русија и Украина треба да поднесат извештај до Трибуналот за инцидентот.
Во забелешката до судот, руската амбасада во Германија забележа дека, според Москва, Трибуналот за поморско право нема надлежност да се справи со инцидентот во Керченскиот Теснец.
Русија притвори 24 украински морнари и заплени неколку бродови во Теснецот на 25 ноември 2018 година.





