Предлогот на владата за „неработната недела“ кој би требало да стартува од 1 октомври предизвикува дилеми, но и несогласување од работодавачите и од сопствениците на трговските центри.
„Оној што инвестирал 20 до 30 милиони евра во Скопје, и сега да му забраните да работи во недела, не е во ред“, вели Ангел Димитров, екс претседател на Органзиацијата на работадавачи, која е директно вклучне во преговорите за недела да биде неработен ден.
Но, според него, „во ред е тој што ќе работи во недела да добие дупла дневница и во ред е на државата да и се плати одреден надомест за развој на инфраструктуирата, на детските градиники, и тн.
„Значи, тоа е компромис кој во овој момент на развој на државата, мислиме дека е добар. Можеби кога ќе имаме стандард од 8 до 9 илјади долари по жител, нема и другите работници да работат во недела. Но, во повој момент Македонија не смее да си дозволи да нашите граѓани за време на празници одат во Бугарија или во Србија да оставаат девизи, а нашите молови да бидат затворени“, изјави за медиумите Ангел Димитров.







