Трајкоска: Кога „молерисана“ градинка е „вест на денот“

Наслов на денот и на нашето секојдневие, вели новинарката Жанета Трајкоска која констатира дека вест на денот вчера биле „молерисани занимални во една скопска населба за што на промоција на „кречењето“ се појавила безмалу целата влада, пратеници, градоначалник…



„Премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, пратениците Дарко Каевски и Моника Зајкова и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска промовираа молерисани занимални во градинка во Скопје. Сите одржаа прес-конференција на која соопштија што е сработено во градинката.“