Додека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се фали дека Македонија е најбезбедна земја во регионот и меѓу 36 најбезбедни на светот во Тетово се случила тежок инцидент во кој се претепани пет момчиња.
Тешкиот инцидент се случил завчера по полноќ односно вчера во раните утрински часови кога побројна група нападнала група од пет момчиња.
Извори во Агенцијата за национална безбедност кои немаат ингеренции во вакви случаи велат дека се работи за тежок случај кој може да ја наруши безбедноста ситуација и стабилните меѓуетнички односи.
Доколку МВР во најкратко време не ги фати и не ги санкционира напаѓачите Тетово и Македонија ќе ја загубат битката за правна држава и ќе почне ера на неказнето улично насилство, вели изворот на expres.mk.
Петте момчиња прво биле нападнати во еден дел од градот додека оделе кон своите домови а откако некако успеале да избегаат по втор пат биле нападнати и повторно тепани во друг дел од градот, тврдат Тетовци.
Иако цело Тетово знае кои се напаѓачите полицијата се уште не ги открива сторителите на тешкиот инцидент кој го вознемири градот под Шара но и цела Македонија особено што се случува веднаш по грозоморните напади во Србија каде беа убиени 17 луѓе.
Во меѓувреме граѓани на Тетово бараат министерот за Полиција Оливер Спасовски да дојде во Тетово да ја смирува ситуацијата и да помогне во пронаоѓање на напаѓачите наместо да го слави денот на полицијата во земјата каде на улица се тепаат недолжни деца.
Додека министерот слави лажна безбедност, Тетовци во страв за безбедноста на своите деца
Цели 40 часа МВР не ги открива тепачите на петте малолетници, Спасовски слави во Охрид
Денот на полицијата: Премиерот ја фали борбата против криминалот






