Министерката за одбрана Радмила Шекеринска се пофали со норвешка донација од потрошни медицински средства за мобилната болница поставена до Инфективната клиника.
„Со норвешкиот аташе Егил Далтвеит утринава преку ZOOM го потпишавме Протоколот за донација за справување со последиците од коронавирусот. Добиваме потрошни медицински материјали за мобилната болница во вредност од 100 илјади евра. Така е кога сте земја членка на #НАТО,“ објави вицепремиерката на Твитер.
Норвешка ја подари и самата мобилна болница вредна два милиона евра, односно 20 пати повеќе од сегашната нејзина донација, и тоа уште во 2012 година, кога Македонија не беше членка на НАТО!




