Столтенберг: Војската на Косово – одлука во погрешно време

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг жали за одлуката на Косово да создаде своја војска и покрај загриженоста изразена од НАТО, и повикува на смиреност во регионот.



 „Иако, во принцип, транзицијата на косовските безбедносни сили е прашање за кое треба да одлучи Косово, јасно ставивме до знаење дека овој потег доаѓа во погрешно време. НАТО го поддржува развојот на Косовските безбедносни сили во рамките на нивниот сегашен мандат.

Со промената на мандатот, Северноатлантскиот совет ќе мора да го преиспита нивото на ангажманот на НАТО со Косовските безбедносни сили, вели Столтенберг во интервју за црногорскиот портал CDM.me.

„Сите страни мора да обезбедат дека оваа одлука, направена во погрешно време, нема повеќе да ги зголеми тензиите во регионот“ порача првиот човек на НАТО.