Стоилковски: Промена во СДС, соларниот го замени нарко картелот

Стварно се еко-зелени нема што.
Од марихуански нарко картел со квантен скок во енергетски соларен картел, пишува Наум Стоилковски портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ за последната афера ,Броило” во која е откриено дека фирми блиски на премиерот Ковачевски добивале пари од владата и притоа свртиле фантастични 26 милиони евра.



,,Ама тоа само привидно е брзо. Спремано е со време. Силен си во СДС, на власт си, отвораш фирма, тегнеш државна помош, лапаш тендери по општини, стануваш заменик министер, осмислуваш шема, ограничуваш кој колку смее да користи сонце, заземаш полиња, се отвора уште една фирма, менуваш закон, стануваш премиер, имаш удел во ЕВН, имаш удел во кичевскиот ФЕЦ – сончев плац, наоѓаш Бугари, отвораш фабрика во тетовска бесцаринска зона, пак влечеш пари од државата, менуваш закон без општините само државата да издава дозволи за колектори, ако не па и од каде да се набават панели…

Мислите лесно е да се осмисли ова? Како во исто време да се мисли и на РЕК и на гас и на струја, и на народ… Па после, “недоветен, деловна способност..” кој и да е не може да се подели. И за себе и за народ. Не оди!

Македонија со СДС скока од раце на семеен картел до раце на семеен картел. Беше нарко, влета во здравствено-вакцинален, па сега соларен. Важно да се има за кумовите, деверите и сватовите! Да се граба земјиште за марихуана, да се граба плодно земјиште за панели, да се граба за камиони и руда. Да се граба од вакцини. Сега и за сонце”, пишува Стоилковски заклучувајќи дека ,,не е сонцето македонско за сите”.

,,За картелите на СДС е! Не е за храна и за земјоделците, да има што да јаде народот, за нарко картелот е да тргува на црно. Не е за народот да се згрее, да има струја, да има за погоните и за работа за народ, туку за Соларниот картел да прави пари!
Што е важно тоа што ниеден не скокнал да ги брани државата и народот. Ни порано ниту сега ниту ќе ги брани. Важно е да се скока да се граба буџет, да се осиромашува народот.

Затоа што тој е мирен.

Ете, се организираа протести за струјата. Ете им црташе опозицијата шеми за поскапување на струјата и негрижата. Ама пак си молчеа. Мислат избори ќе им дадат! Картелот избори ќе им даде. Па сега со фингерпринтови и тешкотии за полнење кутии? Жими мајка! Така размислува картелот СДС! Врзан во црева од еден во друг крими картел!

Додека не му пукне филм на народот. А блиску е, веќе сфаќа дека нема што да загуби. Освен себе и државата!

Затоа, побрзо избори.

А потоа; потоа се ќе биде осветлено и расветлено. И навистина “еколошки” прочистено од картелската загаденост!”, најавува Стоилковски.