ССМ на протест пред Министерството за труд и социјална политика

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска од 10 часот до 13 часот ќе одржи протест пред Министерството за труд и социјална политика (МТСП).



Откако минатата недела не беше прифатен амандманот на ССМ во собраниската Комисија за финансирање и буџет, Претседателството на ССМ организираше протестни активности пред Владата и Собранието, а вчера наутро три часа ја блокираше крстосницата во Автокоманда за влез/излез од Скопје.

„Незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и од тие причини Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува и преку други форми на синдикален притисок, незадоволството да го изразува на улица“, соопшти ССМ.

„…активностите ги пренасочуваме пред МТСП за да ја прашаме министерката Јованка Тренчевска каде исчезна социјалниот дијалог, ветувањето што ни го даде на 1 Мај и зошто не е прифатен амандманот во расправата за ребалансот на Буџетот, рече претседателот на ССМ Дарко Димовски синоќа во гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма.