Со серија комеморативни настани ќе бидат обележани две децении од почетокот на нападите на НАТО на СР Југославија, односно на Србија, на 24 март 1999 година.



Денот на сеќавање на загинатите во нападите ќе биде одбележан во Ниш, во присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиеркаата Ана Брнабиќ, претставници на армијата, црквата, на дипломатскиот кор и граѓани, пренесува Танјуг.

 Пред точно 20 години, по серијата понуди на меѓународната заедница за решавање на косовската криза, од НАТО базата Авијано во Италија беше изведен првиот од серијата напади на воени и цивилни цели во наредните 78 дена.

Конкретен повод за бомбардирањето беше убиството на 45 косовски албански селани Рачак на 15 јануари 1999 година, за што бројни извештаи тврдат дека биле цивили, што е спротивно на тврдењата на Владата на СРЈ според која се работеше за припадници на терористички банди

Откако српскиот парламент одби да прифати странски сили НАТО, на 24 март 1999 година во 19.45 часот започна воздушни напади со крстосувачки ракети и авионски напади на повеќе цели во Србија и Црна Гора.

Наредбата ја даде огашниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, а владата во Белград истата вечер прогласи вена состојба.

Нападите беа извршувани од бродови во Јадранското Море, од четири воени бази во Италија, а некои операции од бомбардери кои полетуваа од бази во Западна Европа.

Во текот на 8 дена беа уништени речиси 50 отсто од производните капацитети и дел од инфраструктурата на земјата.

 Британските експерти ја проценуваат вкупната штета на една милијарда долари, а домашните на повеќе од 30 милијарди.

Загинаа повеќе од 2.500 луѓе, а бројот на повредени бил 5 пати поголем.

На ден пред крајот на нападот, претставници на Југословенската армија и на НАТО потпишаа во Куманово воено-технички договор за повлекување на Војската на Југославија од Косово и за влегување на меѓународните воени сили на територијата на Косово.

Првите сили, кои се состоеја од 37.200 војници на КФОР од 36 земји, пристигнаа на Косово на 12-ти јуни.

Нападот на Сојузна Република Југославија, односно Србија беше направен без одобрение на Советот за безбедност на ОН, а како причина НАТО ја наведе  „хуманитарна катастрофа“ на Косово и неуспехот на преговорите за идниот статус на покраината кои се водеа во Рамбује и Париз.

Извор: Ал Џезира