Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се пофали со донација од шест мотоцикли за полицијата од фондацијата на поранешниот премиер и екслидер на неговата партија СДСМ, Зоран Заев.
„Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата ‘Заев’, чијашто помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со тоа придонесуваме кон уште поголема безбедност на граѓаните и државата“, соопшти министерството на Спасовски.






