Соседи на Украина воведуваат вонредна состојба

Молдавија и Литванија, двете земји кои граничат со Украина, воведуваат вонредна состојба поради ситуацијата во соседната земја, која утринава беше нападната од Русија.



Претседателката на Молдавија, Маја Санду, вели дека ќе прогласи вонредна состојба и дека нејзината земја е подготвена да прифати десетици илјади луѓе кои доаѓаат од Украина.

„Ќе им помогнеме на сите на кои им е потребна нашата помош и поддршка“, рече Санду.

Десетици автомобили чекаат во колона на границата меѓу Украина и Молдавија, јавуваат молдавските медиуми, пренесува Ројтерс.