Вирусот за кој треба да се подготвиме што порано, ќе настапи на сцената за шест месеци од сега, предупредува швајцарскиот научник Саи Реди од федерален технолошки институт ЕТХ Цирих.



Новиот супер-вирус „Ковид-22“, ќе биде мутација на сегашните делта, бета и гама соеви и ќе го погоди човештвото следната 2022 година, вели Реди, пренесуваат швајцарски медиуми.

Нè очекуваат тешка есен и зима следната година, кои веројатно ќе бидат слични како есента и зимата кои ги имавме лани, кога првпат излезе короната, во 2020 година.

2Тоа е нова фаза на пандемијата, кога бета или гама стануваат поинфективни или се развива мутација од делта сојот. Тоа ќе биде најголем проблем следната година“, вели Реди.

Според овој научник, „ковид 22“ може да биде полош од сè што светот видел досега во борбата против коронавирусот.

„Ако се формира таков вид, ние мора да го препознаеме што е можно поскоро, а производителите на вакцини мора да се приспособат на тоа“, вели научникот.