Осум лица се приведени во Русија за нападот на мостот на Крим, а руските безбедносни сили наведоа дека зад нив стои висока личност од Украина, пренесува руската новинска агенција Тас.
Агенцијата го цитира соопштението на Федералната служба за безбедност (ФСБ):
„Федералната служба за безбедност заедно со Истражниот комитет утврди дека организатор на терористичкиот напад на мостот на Крим е Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана, нејзиниот шеф Кирило Буданов, како и вработени и агенти.
Пет руски државјани, тројца државјани на Украина и Ерменија во моментов се приведени осомничени дека учествувале во подготовката на кривичното дело“.
ФСБ тврди дека експлозивот што предизвикал уривање на дел од мостот бил испратен од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија.
Тасс пренесува дека товарот со експлозиви бил испратен до непостоечка компанија на Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.






