Роднини на загинатите во модуларната во Тетово најавија нов протест

На 8 септември, петок, на двегодишнината од пожарот во тетовската модуларна болница, претставници на семејствата на 14-те лица кои го загубија животот преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение.



„Очекуваме ново обвинение. Ние од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Но, излегува вистината кој е крив. Јас спомнав неколку пати дека не се овие тројца, имаат нешто вина ама има и поголем синџир. Тие од ИРЛ новинарите ја извадија вистината кој е виновен,а кој не е виновен“, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката.

Собирот во петок ќе почне кај модуларната болница и ќе продолжи до Судот во тетово. .