Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека е расчистен инцидентот кој вчера се случи во Струга, и во кој претседателот на бугарското здружение „Шемето“, Бекир Кадриески бил претепан.
„Приведен е напаѓачот на лицето. Земени се изјави од страна на очевидците. Пријавата и изјавата од оштетениот се одвиваше во медицинскиот центар. известен е Јавниот обвинител и по прибирањето на сите докази, ќе бидат поднесени пријавите.
Од МВР овој случај е расчистен“, објави денеска министерот.
Бекир Кадриески од струшко Лабуништа по инцидентот во кој бил физички нападнат е пуштен на домашно лекување. Од болницата во Струга каде бил примен велат дека на Кадриески му биле направени детални испитувања кои покажале дека пациентот нема сериозни повреди, бил видно вознемирен за што му бил даден само седатив и бил пуштен дома, дознава Сител.
Неофицијално од судски извори од Судот во Струга Сител дознава дека нема елементи на кривично дело во случајот со Кадриески од струшко Лабуништа. Од таму посочуваат дека станува збор за нарушување на јавен ред и мир со викање и карање и дека станува збор за нерасчистени меѓусебни односи кои двајцата ги имале од неодамна при еден престој во казино во Струга.
МНР: Да не се избрзува со заклучоци за инцидентот со нападнатиот Кадриовски
Кадриески, за „Нова.бг“ изјави дека го нападнало непознато лице во градот Струга. Тој тврдеше дека добил навреди дека е „валкан Бугарин“.
Напаѓачот сам се пријавил во полиција, рекол дека не го удрил и дека имале нерасчистени сметки од претходно.







