„Јас не сум да се амнестираат виновници, но, вистинските виновници не се кријат овде денеска во судот, тие треба да се најдат таму каде што се.
Да се работи за лекарска грешка во ред, тука не се работи за лекарска грешка, за техничка грешка се работи за која треба да одговора некој друг, а тој друг се знае кој е, тоа се авторите на овие објекти што ги градат низ Македонија“, изјави жител на Тетово, учесник во протестот пред Основен суд во Тетово во знак на поддршка на лекарот Бобан Вучевски, еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларната болница.
Денеска во судот продолжува судскиот процес трагичниот пожар во болницата што се случи на 8 септември минатата година и во кој животот го изгубија 14 луѓе.

–






