Австралија повторно е во центарот на внимание откако многу патници се пожалиле дека биле принудени да ги предадат своите мобилни телефони и шифри на службениците од обезбедувањето на аеродромот.



Еден од патниците, за британски „Гардијан“ изјавил дека морал да го предаде мобилниот телефон и да ја напише шифрата за негово отклучување на хартија кога пристигнал на аеродромот на враќање по десетдневен престој на Фиџи.

Кога припадниците на аеродромското обезбедување, односно обезбедувањето ќе им ги одземат мобилните на патниците, ги носат во одредени соби, каде се задржуваат околу половина час, а причината не е позната.

„Не сме информирани зошто сакаат да ни ги проверат мобилните телефони. Ништо не ни кажаа, ова е страшно нарушување на приватноста. Којзнае што виделе. Кога имаат мобилни телефони и лозинки, имаат пристап до се, историја на е-пошта, зачувани лозинки, банкарски сметки, здравствено осигурување“, вели еден патник.

Ваквите постапки веќе станаа практика, а австралиската гранична служба може легално да ги конфискува мобилните телефони на сите кои влегуваат во земјата, без разлика дали се Австралијци или други.

Портпаролот на австралиската гранична служба рече дека се работи за „заштита на австралиската заедница“ и дека на овој начин „собраните информации резултирале со успешни операции против нелегални активности“.

„Доколку поединец одбие да го исполни барањето за испитување на неговиот електронски уред, тој може да биде упатен на понатамошни дејствија за спроведување на законот“.

Но, автралиските закони предвидува да се има налог пред луѓето да бидат принудени да ги отклучат своите телефони,пишува Гардијан.