Во Кривичниот суд во Скопје беа изречени пресудите за случајот „Насилство во Центар“.
Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на казна затвор од една години и шест месеци, а екс министерот Миле Јанакиески на условна казна затвор од една година, а условна казна им беше изречена и на другите обвинети.
Како извршители на дејствата пред Општина Центар на 7 и 10 јули 2013 година, судијата Душко Јосифоски ги прогласи за виновни обвинетите Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Димче Крстев, Вангел Трифуновски и Трајче Петковски. Обвинителството се откажа од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андонивски и Борче Богдановски.






