Полскиот премиер Матеуш Моравиецки негираше дека намера на неговата влада е да ја отстрани земјата од Европската унија и ја опиша идејата за Полексит како целосно невистинита и „штетен мит“, објави Асошиејтед прес.
Изјавата е одговор на масовните протести во Полска во неделата против владината политика за која критичарите велат дека може да ја чини земјата членство во ЕУ, откако Уставниот суд на Полска одлучи дека полскиот устав има предност пред правото на ЕУ.
Моравиецки на Твитер напиша дека „Полегсит“ е „лажна вест“.
Полската десничарска влада во неколку наврати се судри со ЕУ во врска со нејзините политики, главно во правосудниот сектор и инсистира дека на блокот од 27 држави му се потребни корекции.






