Политико: Владата на Молдавија поднесе оставка по притисоците од Москва

Владата на Молдавија поднесе оставка по неколкумесечни обиди да се спротивстави на економскиот и политичкиот притисок од Москва, објави Политико.



Премиерката Наталија Гаврилица на изненадувачки брифинг за медиумите објави дека поднесува оставка заедно со нејзината прозападна влада.

Во јуни минатата година Молдавија доби статус на кандидат за членство во Европската унија, заедно со Украина, но владата е под силен притисок од Москва, која се обидува да го поткопа нејзиниот авторитет, пишува Политико.

Владата на Молдавија долго време ја обвинува Русија, која има војници во отцепениот регион Придњестровје на истокот на земјата, дека поттикнува немири во земјата.

Молдавија сака мирно да го реши проблеморт со просуското Придњестровје

Во интервју за Политико минатиот месец, Санду ја обвини Русија дека ја користи енергетската криза и зголемените трошоци за „да донесе нестабилност во Молдавија“.

Вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека и дал на молдавската претседателка Маја Санду документ што го опиша како „руски план за поткопување на политичката ситуација во Молдавија“.

Русија со чудење реагира на тврдењата на украинскиот претседател.

„Морате да го прашате господинот Зеленски. Не знаеме за што се работи“, кратко одговори тој на прашањето дали навистина постои таков план или се работи за дезинформации, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од ТАСС..