Познатиот бугарски новинар Георги Коритаров почина на 61 година.
Директорот на ТВ Европа, каде Коритаров го водеше блокот „Слободна зона“ во последните неколку години, ја објави веста на Фејсбук.
„Не знам точно како се соопштуваат такви вести. Не знам што се зборува, не знам како да ги разберам, не знам како да живеам со нив. Вчера се смеевме во етерот. Денес разбирам дека нема да те видам повеќе. Нема да зборувам. Нема да се расправам, нема да размислуваме заедно, да работиме заедно, да читаме и да пишуваме заедно. Среќен сум што бев мал дел од животот голем човек…Ќе се обидам да се насмеам секогаш кога ќе го спомнам. Но, тешко дека ќе успеам “, напиша Георги Харизанов.БГНЕС







