Победникот на „Евросонг“ и ДУИ во твитот на денот

Со задоцнување, па, сепак, вреди да се издвои пораката на Твитер на „Мр Моџо Килингтон“, во која ги поврзува „Песна на Евровизија“ и парламентарните избори во Македонија.



Од „Мр Моџо Килингтон“ уште неколку духовити твитови за истата тема:

„Убо ќе беше да победевме и Евровизија да ја водеа Латас и Ивона…“;

„И шо сега? Името го сменивме само за радиодифузна? Сакаме Евровизија!“;

„Еден поен од Грција. Наше ќе биде Солунско Поле, сунце ви јебем“;

„Сан Марино – вака би звучел Заев да го пуштиме на Евровизија да пее на англиски“;

„Русинот од матура директно на Евровизија. Сигурно и со Str8 е намирисан“;

„Ако имаме 12 бода од Унгарија, значи стварно бил патриот“.