Пeтков: Бугарија поддржува ЕУ-интеграција на Молдавија

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека Бугарија ја поддржува европската перспектива на Молдавија.



Молдавија неодамна поднесе апликација за членство во ЕУ.

„Оваа поддршка ќе му биде изразена и на актуелниот Европски совет. Ова го изјави Кирил Петков во видео конференција со претседателката на Република Молдавија Маја Санду, соопшти владината прес-служба.

Тој ја поздрави силната посветеност на претседателката Санду да ја води Молдавија на нејзиниот европски пат и на патот кон реформите.

Премиерот Петков истакна дека високо ја цени поддршката на молдавските власти за зачувување на националниот, културниот и јазичниот идентитет на бугарското национално малцинство во Молдавија.

Тој изразил очекувања за грижата за регионот Тараклија и Универзитетот Тараклија како мост кон културната и духовната блискост на двата народа.