Учесниците на мирниот протест, што попладнево се одржа пред зградата на Општина Охрид во организација на Здружението на граѓани „Совест“, уште еднаш предупредија дека градбата на минаре високо 32 метри на споменикот на култура Алипашина џамија во охридската чаршија, е незаконска.



каде се гради минаре високо 32 метри се изведуваат незаконски. Од „Совест“ сметаат дека тоа ќе има далекусежни последици не само по градот туку и по државата, и дека дека во отсуство на потребна реакција од страна на домашните институции, ќе реагира УНЕСКО.

Светската организација со допис е запознаена за случајот со Алипашината џамија, кој ќе се разгледува на 34 сесија на Комитетот за културно наследство што ова лето ќе се одржи во Баку.

Михаил Трендафилов Нанче рече дека историјата ќе сведочи оти сегашните генерации на Охрид извршиле предавство, бидејќи дозволуваат пред очи да им се уништува градот.

„Треба да се собере цел Охрид, нема тука партии и политика, да и покажеме на цела Македонија како треба, бидејќи ова не е прашање само на нас тука. Сега има апсолутна власт во земјата. Охрид се топи пред наши очи, а историјата ќе сведочи дека ние ја предадовме Македонија. Мислите дека ништо не е она, мала работа, ама многу кажува, сакаат да ни покажат колку се големи“. – рече Нанче.

Организаторите истакнаа дека протестите ќе продолжат се додека институциите не се одважат да го решат проблемот согласно законите и да спречат насилно уништување на Охрид.

Извор: OhridNews