„Не“ за укинување на географијата

И Македонското географско друштво до Министерството за образование и наука во кое се изразува несогласување со „резот“, како што велат на предметите предвиден со новиот концепт во основното образование меѓу кој и географија.



„Преку географијата, ученикот се учи да ја чува животната средина, ја формира целосната слика за ориентацијата во просторот, за географската опсервација, за географско осознавање на светот и осознавање на природно-географските и социоекономските карактеристики на својата земја, на татковината, како што велат ОН по повод новиот Концепт за основното образование во .
Нам, географите, ни е дадена една особена чест и привилегија да говориме пред учениците за сопствената земја, да ги научиме да ја сакаат секоја педа од нејзината површина. Да ги научиме учениците како да ја осознаат, чуваат и почитуваат нејзината единственост во сиот шаренолик свет. На тој начин имаме значајна улога во јакнење на чувството на љубов кон природните и културните убавини на татковината и јакнење на чувството на патриотизам.

Оттаму, сосема оправдано можеме да посочиме дека географијата е од национално значење и како таква во сегашниот облик на изведување е потребно да опстане без никакво припојување со други предмети“ се вели во дописот.


Македонското географско друштво, во име на наставниците и професорите по географија изразува загриженост што предложената нова Концепција за основното образование не е вклучен професор од Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, колевката на природните науки која постои и едуцира наставен кадар цели 74 години. Во него е Институтот за географија, чии основи се во далечната 1922 година. Сметаме дека скоро еден век постоење би требало да биде доволна причина за универзитетските професори од оваа Институција да бидат вклучени во новините и евентуалните реформи со своето мислење и видување. На иста адреса е и Македонското географско друштво, во кое членуваат наставници и професори по географија со долгогодишно искуство во реализирање на наставата, се вели во дописот..

…Од друга страна, ваквиот рез во предметите, меѓу кои и на географијата, ги доведува под знак прашалник работните места на поголем број предметни наставници, што дополнително ќе се одрази негативно врз кревката социјална и економска слика на земјава.
Но, за да изградиме заедничка основа и став за понатамошно дејствување, неминовно се наметнува потреба од поголема транспарентност, сублимирање на јавни мислења, активно вклучување на универзитетски професори, наставници и професори по географија од основно образование со долгогодишно искуство во наставата. Потребно е детално разгледување на предлогот заедно со можностите за негова евентуална реализација. Замислата реформата да се реализира веќе од учебната 2021/22 година, според нас, е премногу амбициозна и не остава доволно простор за потребните подготовки“. Факултети.мк