Професорката Мирјана најчевска реагира на веста, а потоа и на потврдата од премиерот Димитар Ковачевски, дека неговата сопруга Елена Ковачевска влегува во бизнисот со струја односно дека инвестирала во изградба на фотоволтаична централа, но дека тоа било уште пред тој да стане премиер.



„Сопругата на премиерот не е исто како секој граѓанин. Ниту сопругата/сопругот, децата, родителите, блиските роднини, на министерот ниту на член на управен или надзорен одбор, ниту на градоначалникот…

…Дајте ве молам. Не не правете поглупи отколку што сме.

Тоа листите на имоти и инвестиции не се даваат само да се забавува раја туку да се види дали има простор за конфликт на интереси.

На секој и најмал сомнеж дека може да има нерамноправна положба заради конкретна државна функција има две решенија: или се откажува носителот на функцијата од положбата која ја има или членот на неговото семејство се откажува од зделката“, објави на Фејсбук Најчевска по изјавата на премиерот дека „оваа инвестицијанеговата сопруга ја направила со влог од сопствени пари, исто како што може да направи секој друг граѓанин“.