Не било гаф, Заев работи македонскиот народ да стане мултиетнички

Премиерот Заев не запира со употребата на фразата “македонскиот мултиетнички народ”.



Иако по втората употреба на овој оксиморон во Црна Гора имаше силни негативни реакции во јавноста Заев и во Лондон на самитот на НАТО продолжи да ја користи неточната и нелогична конструкција.

Со тоа тој потврди дека не се работи за обичен гаф туку за смислено сценарио кое треба да го редефинира македонскиот народ во некаква збирштина на повеќе етницитети.

Во науката се зборува за мултиетничка држава или нација но не и за мултиетнички народ.