Најсреќни земји во светот, на кое место е Македонија?

Од 2002 година, World Happiness Report објавува статистичка анализа според која се определуваат најсреќните (и најнесреќните) земји во светот.



И
оваа година Финска повторно го освои првото место како најсреќна земја во светот за живеење.

За да ја одредат најсреќната земја во светот, експертите анализираа сеопфатни податоци од анкети од 149 земји, особено следејќи ги перформансите во шест категории. Категориите се бруто домашен производ по глава на жител, социјална политика и здрав животен век. Покрај тоа, тука е и слободата да се направи сопствен животен избор, дарежливоста на населението како и нивото на корупција.

Првите седум најсреќни земји во светот биле сите северноевропски земји. По Финска со вкупен резултат од 7.842следат Данска со 7.620, Швајцарија со 7.571, Исланд со 7.554, Холандија со 7.464, Норвешка со 7.392 и Шведска со 7.363 бодови.

Најмалку среќна земја во светот за живеење е Авганистан, кој е на 149 место. Оваа позиција може да се припише на ниската стапка на очекуваниот животен век и ниските стапки на бруто домашниот производ по глава на жител. Во последните пет земји се и Зимбабве, Руанда, Боцвана и Лесото.

Најдобро пласирана земја од регионот е Словенија на 29. место, Србија на 48. место, Хрватска на 59. место и Босна и Херцеговина на 63. место. По нив следат Црна Гора и Македонија на 71. односно 92. место.