,,Најголем број Македонци/Балканци дотогаш ќе бидат мртви” – Кога ќе влеземе во ЕУ? (ИНФОГРАФИКА)

Екс министерот за надворешни работи на Косово Петрит Селими објавува шокантна инфографика за времето кога земјите од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ ако се суди според направените реформи.



“Додека смртта не не раздели. Изгледите за членство за земјите од Западен Балкан се базираат само на темпото на реформите во последните 3 години. Ова значи дека огромното мнозинство од граѓаните на Балканот ќе бидат мртви пред да влезат во ЕУ”, објавува Селими.

Според мапата на Македонија ќе и бидат потребни две години повеќе за влез од Албанија која би влегла за 38 лета.

Македонската влада не го коментира твитот на Селими.