Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ дека се нужни уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата и кој „не мисли дека ова е измена на Уставот која е болна како што биле некои претходно“.



„Оваа измена – вели Најчевска – е болна затоа што е бесмислена, затоа што се прави под притисок на држава која има очигледни територијални претензии врз Македонија, која не ги признава Македонците како посебна етничка група, која не ни го признава јазикот, културата, историјата, посебноста.

Што може поболно од ова да има? – прашува јавно Најчевска во објава на социјалните мрежи.

Навистина ми е срам да кажам дека со овој човек заедно сум учествувала во организирањето на Шарената револуција. Мислам не дека ми се допаѓаше и во тој момент, ама мислев дека има барем минимум доблест некаде скриен длабоко во него“ – пишува Најчевска.