Професорката Мирјана Најчевска го коментира назначувањето на Насер Нуредини, поранешен македонски министер за животна средина и просторно планирање, за специјален претставник на ОБСЕ за климатски промени од страна на министерот Бујар Османи.



„Ахахаха.
Тоа затоа што многу направи за заштита на животната средина ресторанџијата во Македонија, па сега да се покажеме и пред Европа со најдоброто што го имаме.

Разбирате како не дупчат во здрав мозок мафијашите на Али Ахмети?

Историјата ни кажува дека ниту една држава не може да мрдне од дното додека не се справи со мафијата.

Тоа ни е прва задача“, напиша Најчевска на Фејсбук.