Агенцијата Блумберг објави ранг-листа на најбогатите семејства за 2023 година.



На врвот на листата е владејачката династија на ОАЕ, Ал Нахјан, чие богатство се проценува на 305 милијарди долари.

„Со 305 милијарди долари, Ал Нахјан од Абу Даби го надмина семејството Волтон (најбогатото семејство во САД) кое поседува синџирот Walmart, за цели 45 милијарди долари […]

Шестата генерација на династијата на брендот Hermes, која во 2023-та го зголеми богатството за 56 милијарди долари, стана третото најбогато семејство“, објави агенцијата, пренесе Блумберг.

Следуваа владејачката династија на шеиците и емирите на Катар.
Според Блумнерг, 25-те најбогати семејства во светот заедно „заработиле“ 1,5 билиони долари во 2023 година, што е за 43% повисоко од богатството на најбогатите семејства минатата година.

Рангирањето на Блумберг вклучува 25 семејства, вклучувајќи ги семејствата на сопствениците на брендот Mars (4-то место), владејачката династија на шеиците и емирите на Катар (5-то место), Koch industri (6-то), владејачката династија на Саудиска Арабија Ал Сауд (7-мо ) како и сопствениците на контролниот пакет акции во Chanel Wertheimer.