На неполни 113 години почина најстариот маж на светот

На само 11 дена пред да наполни 113 години, највозрасниот маж во светот почина.



Јапонецот Читецу Ватанабе бил роден  на 5 март 1907 година и пред неколку недели беше прогласен за рекордер со своите 112 години.

На 12 февруари, тој официјално ја презеде титулата од друг Јапонец – Масаѕо Нонака, кој почина на 113-годишна возраст на крајот на јануари.

Jапонците се најдолговечната нација на светот, а во 2015 година имало над 10 милиони луѓње на возраст над 80 години.

Највозрасната жена на светот е 117-годишната Јапонка Кане Танака.