Здружението на музички педагози со јасен став за обидот на министерката Царовска да ја турка контроверзната реформата на образованието со која покрај историја ќе настрадаат и повеќе други предмети меѓу кои и музичката култура.
За да ја спречат во намерите музичките педагози преку стихови и музика од Царовска бараат да не избрзува со реформите кои мораат да бидат издржани.
Музичките педагози со многу креативност напишаа и снимија новогодишна песна за министерката во која меѓу другото и порачуваат:
„Миииила, Мила, музиката е сила! Реформи издржани, не избрзани.”






