Музичкиот настан на летото во Охрид се случи далеку од помпезноста на Охридско лето и српските инфлуенсерки (ВИДЕО)

Музичкиот настан на летото во Охрид се случи далеку од помпезноста на Охридско лето и српските инфлуенсерки кои дефилираа низ македонскиот Ерусалим.



Иако организиран само со помош на општина Охрид и МПЦ-ОА според многумина епитетот музички настан на сезоната го доби концертот на младата сопранистка Илина Митревска, која настапи во црквата Света Софија по повод големиот Свети Климент Охридски (Летен).

Илина Митревска е една од најталентираните македонски оперски певици од помладата генерација која сиот свој гласовен раскош го покажа пред вистинските љубители на класичната музика во Света Софија.

Како мина концертот од видеата кои ги снимиле воодушевените луѓе од публиката кои ги следат речиси сите други сериозни музички настани на Охридско лето за кои се трошат огромни државни буџети.

Митревска за својата Македонија настапила без никаков хонорар ниту побарала некакви посебни услови иако уште сега на 21 година е поголема ѕвезда од голем број скапо платени гости на Охридско лето спонзорирано од министерството за култура.

Повеќе за Илина Митревска

Вечерва во охридска Св. Софија концерт на суперталентираната Илина