Босанскиот политички аналитичар Јасмин Мујановиќ кој е еден од најголемите лобисти за Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус разочаран од одлуката на Брисел наместо неговата земја ваков статус добива Молдавија.
Мујановиќ смета дека со тоа ЕУ директно признава дека лошо ја менаџирала БИХ во чие управување учествува речиси 3 децении.
,,ЕУ е интимно вклучена во секојдневното управување со Босна од 2003 година. Одлучувајќи Молдавија да стане кандидат пред Сараево, Брисел имплицитно го признава неуспехот на дведецениското „европско лидерство“ во Босна.
По ѓаволите, може да отидете толку далеку што од овој „процес“ да заклучите дека рускиот окупациски режим во Молдавија очигледно направил подобра работа во подготовката на земјата за членство во ЕУ отколку канцеларијата на ЕУ во Сараево”, смета разочараниот проевропски активист.
Според него пристапувањето во ЕУ е интензивен, технички процес во кој Унијата ја оценува севкупната правна и политичка подготвеност на земјите аспиранти за конечно членство во блокот.
Мујановиќ не може да го прифати рутинското отфрлање на процесот и измислувањето на работите на лице место како во случајот со Молдавија која за разлика од Босна и Херцеговина нема никакви подготовки за кандидатски статус.






