Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ за нов претседател го избра амбасадорот Мухамед Халили, на местотои на досегашниот – амбасадорот Љупчо Арсовски.
За потпретседатели – амбасадорките Елеонора Петрова и Александра Наќева Ружин. Во Извршниот одбор влегуваат и амбасадорите Љупчо Арсовски, Ѓорѓи Филипов, Азис Положани, Тихомир Илиевски, Ѓорѓи Спасов и Зоран Јолевски.
На одржаното Годишно собрание беше усвоен Ивештајот за двогодишнната работа на оваа невладина организација под претседателство на амбасадорот Љупчо Арсовски.
Едногласна оценка на амбасадорите е дека со голема поддршка на македонските медиуми, Советот на амбасадори, за релативно кус период се промовира во јавноста со објективност, јасни гледишта и ставови низ принципиелен пристап за да информира непосредно во еден простор кој досега не бил соодветно и на ваков начин презентиран.







