Молдавија стравува да не ѝ се случи Украина

Премиерката на Молдавија, Наталија Гаврилица, во интервју за Си-Ен-Ен, изрази загриженост дека земјата може да биде следната цел на руската инвазија.



„Ние сме загрижени, се разбира. Ризикот постои. Се уште е хипотетичко сценарио, но ако руските сили се придвижат кон југозапад и кон Одеса, тогаш секако дека ќе бидеме многу загрижени“, рече премиерот на Молдавија.

Молдавија бара руската армија да си оди од Придњестровије

„Тоа е многу тешка ситуација, не само за Молдавија, туку и за секоја мала земја, секоја земја која се потпира на меѓународниот поредок заснован на правила. Ако една земја може да започне војна за анексија без да го земе предвид меѓународното право, тогаш никој не е безбеден и мислам дека многу земји треба да бидат загрижени“, додаде таа.

Премиерот тврдеше дека Молдавија има „тешка историја во комплициран регион“ во светот, додавајќи дека војната во Украина ја оштетила нејзината економија.

„По Украина, Молдавија ги претрпе најтешките економски последици од војната. Ние веќе доживуваме многу висока инфлација, во јуни таа беше 32 отсто“, заклучи премиерот.