Молдавија не сака во НАТО

Молдавија нема да влезе во НАТО, вели премиерката на таа земја Наталија Гаврилица.



„Принципот на неутралност е содржан во нашиот устав.

Ќе бараме влез во ЕУ, но нема да бараме членство во НАТО“, рече Гаврилица.

Иако Молдавија не планира да стане членка на НАТО, таа официјално поднесе барање за брз пристап во ЕУ пред пет дена, во обид да ги зајакне своите врски со Западот.

Русија жестоко се противи на источното проширување на ЕУ, а особено на НАТО, што го гледа како директна закана за сопствената национална безбедност, наведува Ројтерс.