Матурантите, по консултации со претставници на учениците низ целата земја, одлучија да го бојкотираат стартот на второто полугодие.



Тие бараат Министерството за образование и наука да го намали бројот на предмети во државната матура.

Од четири предмети на матурскиот испит, тие предлагаат да имаат само два предмети.

Првиот задолжителен предмет да биде Мајчин јазик, а вториот изборен да биде предмет што е поврзан со понатамошни студии на Универзитет, како и Проектна задача на матурата.

Од Министерството за образование велат дека Државниот испитен центар веќе ги завршил процедурите за состав на Комисиите на државната матура, и тие веќе ги пишуваат прашањата по сите предмети, во согласност со скратените наставни програми..

Од МОН повторуваат државната матура е задолжителна за запишување во сите високообразовни институции.